Ал-Ахли го победи Палмеирас по подобро изведување на пенали и по вторпат во клупската историја го освоија третото место на Светскиот клупски куп на ФИФА.
Египетскиот гигант имаше повеќе среќа од ривалот и победи со 3:2 откако во регуларниот дел од мечот беше нерешено, без голови.
Бразилците се посрамотија и со лошото изведување на пеналите, трипати промашија и само двапати беа прецизни и со податокот дека не постигнаа ниту еден гол во регуларен дел на двата меча што ги одиграа на турнирот.
Чудно за екипа што го освои Копа Либертадорес, односно беше најдобра во Јужна Америка, а и доаѓа од земја што е најтрофејна со пет светски титули.
Вечерва од 19 часот ќе се игра финалето на Светскиот клупски куп меѓу Баерн и Тигрес.