Фудбалскиот клуб Истра 1961 од Пула со 13 бода е последен на табелата во хрватската прва лига ХНЛ, но зимава значително се засили, газдите прават максимални напори да го остават тимот во елитата. Откако ангажираа играчи од Спортинг Лисабон и Ајакс, сега во Истра дојде и играч од Манчестер јунајтед.
Од Спортинг го донесоа Жоао Силва, кој беше во тимот Б и во Хрватска стигна на позајмица, од Ајакс го зедоа Хасан Банде, кој пред две и пол години беше платен 8,2 милиони евра, а третото засилување им е 21-годишниот Велшанец Дилан Левит. Левит, кој веќе има и пет настапи за сениорската селекција на Велс, ја мина младинската школа на Јунајтед, а последната полусезона ја мина на позајмица во Чарлтон.