Со дуелот Унион Берлин – Шалке 04 се комплетираше денешната програма во германската Бундеслига. Мечот во главниот град на Германија заврши без погодоци, па двете екипи освоија по еден бод. Со ова реми, денеска се комплетираа петте меча без победник во Бундеслигата.
Попладнево се играа четири средби од елитната германска лига и сите четири завршија без победник. Баер Леверкузен дома беше голем фаворит против Мајнц, но на крајот средбата заврши 2:2 (коефициентот за нерешено беше 4.70). Слично беше и во Дортмунд каде домашната Брусија ремизираше 2:2 против Хофенхајм (иксот вредеше 4.85).
Штутгарт и Херта си дадоа по еден гол за конечни 1:1 (за нерешено коефициентот беше 3.55), а немаше погодоци на средбата Вердер Бремен – Фрајбург (икс со коефициент 3.35). Ако се додаде и коефициентот 3.55 за ремито на Унион Берлин – Шалке 04, тогаш вкупниот коефициент на петте средби изнесува неверојани 962!
Тоа значи дека ако некој со само 20 вложени денари одиграл пет нерешени во денешните мечеви од Бундеслигата, вкупната добивка би му била неверојатни 19.247 денари. Има ли јунак што успеа да ги претчувствува петте икса во Бундеслигата?