Денеска се играат дури седум меча од понудата на Спортска прогноза во која во ова коло учестуваа вкупно 2.135 прогнозери. Според понудените фиксови на сите оние кои беа дел во ова коло, може да составиме примамлив тикет кој вреди да се одигра.
Возбудувањата ќе започнат веќе во 13 часот кога се игра дуелот меѓу Саутхемптон и Вулверхемптон во Премиер лигата. Преку 80 отсто веруваат дека домаќините нема да загубат, а најголем е процентот дека Саутхемптон ќе победи (48 отсто). Во 15 часот се игра средбата беше Сампдорија и Фиорентина, а тука 48 отсто од обложувачите веруваат дека ќе биде нерешено.
Од сите мечеви, најголеми шанси се дава за победи на Арсенал против Лидс, односно на Интер во дербито со Лацио. Во Топчиите веруваат 74 отсто од прогнозерите, додека за триумф на Интер се дури 78 отсто од прогнозите.
Најнеизвесно треба да биде на бундеслигашкиот дуел меѓу Волфсбург и Борусија М. Тука дилемата е најголема кај прогнозерите, затоа што 38 отсто веруваат во икс, 37 се за двојка, а 25 отсто се за победа на Волфсубрг. Ако се знае дека вчерашните пет меча во Бундеслигата завршија без победник, иксот тука е реална опција.
Вечерва од 21 часот Вилјареал е со 81 отсто сигурност победик на свој терен против Бетис, додека Марсеј нема да загуби на гости кај Бордо. Дури 83 отсто веруваат дека Олимпик нема да загуби кај Бордо.
Ако ги одиграте овие седум меча според мислењата на повеќе од 2.100 прогнозери, дбивате вкупен коефициент од 317.46, односно за само 20 вложени денари, добивката ќе ви биде 6.350 денари.
1005 Саутхемптон – Вулверхемптон 1 2.55
3007 Сампдорија – Фиорентина Х 3.30
1007 Арсенал – Лидс 1 2.00
1808 Волфсбург – Борусија М. Х 3.55
3009 Интер – Лацио 1 1.80
1710 Бордо – Олимпик Марсеј Х2 1.44
1310 Вилјареал – Бетис 1 2.05
———————————————————————
Вкупен коефициент: 317.46