Ајакс победи со 2:0 на гостувањето кај Хераклес и се зацврсти на чело на табелата во првенството на Холандија. Клас јан Хунтелар погоди во првото полувреме, а Халер во вториот дел го потврди триумфот на гостите. Секако, еден од главните играчи кај Ајакс е и капитенот Душан Тадиќ, кој денеска беше заменет пред крајот на мечот.
Тадиќ на заминување од теренот, беше замолен од еден од фоторепортерите да му го подари дресот, а Србинот без многу двоумење застана се врати, го соблече дресот и му го подари на фоторепортерот.
👕 > 📸#heraja pic.twitter.com/VPkeCSMfg3
— ESPN NL (@ESPNnl) February 13, 2021