На ВАР системот ништо не може да му „избега“: Лудо го славеа голот, но сѐ беше џабе (Видео)

Порто беше голем фаворит на дуелот против Боависта на својот „Драгао“, но на крајот домаќините мораа да се задоволат само со еден освоен бод. Боависта одигра одлично прво полувреме кога стигна и до предност од 2:0. Во вториот дел Порто започна силовито со надеж дека може да направи пресврт.

Тареми и Серџо Оливеира погодија, па во 82 минута беше 2:2. Четири минути подоцна, Оливеира имаше шанса да го комплетира пресвртот, но промаши пенал. До крајот на мечот, Порто и трет пат ја затресе мрежата на гостите и тоа се случи во 89 минута.

По една мешаница во шеснаесетникот, Еванилсон шутираше, топката доби неправилно движеше и во парабола заврши во мрежата на Боависта. Играчите на Порто започнаа да се радуваат, но тогаш се јави ВАР системот. По прегледот на снимката забележано е дека стрелецот на голот Еванилсон при шутот ја закачил топката со рака и затоа погодокот беше поништен.

Славјето на Порто брзо заврши, а до крајот фаворитот не успеа да даде трет гол и на крајот резултатот заврши 2:2, а домаќините загубија два бода во трката со водечкиот Спортинг.

 

- Оглас -

Најнови вести