Тренерот на Динамо Киев, 75-годишниот романски стручњак Мирчеа Луческу, вчера одлучи сам да чисти снег од теренот во Киев и да придонесе мечот на Динамо со Олимпик да се одигра. Динамо победи со 3-1, но за пофалба е потегот на Луческу, кој летоска го презеде Динамо, во кој дојде од ривалот Шахтар.
Од Луческу може многу да се научи, не само околу фудбалот и тактиката.