Реакцијата на Расел Вестбрук по едно утнато слободно фрлање, беше главниот момент од првиот вечерашен натпревар во НБА-лигата, во кој Вашингтон визардс го изненади Бостон селтикс со 104-91. За Волшебниците ова е само седма победа сезонава.
На Вестбрук му фалеше еден скок за да направи трипл-дабл, но иако одигра солидно, овој меч ќе го памети по големата утка од пенал-линијата. Вестбрук ја исфрли топката, а таа не стигна ниту до обрачот. Реакцијата на шокираниот Рас по овој фрлен „бунар“ стана хит, погледнете:
https://twitter.com/i/status/1361026814538256384