Ретки се промашувањата кои може да ги наречеме невозможни, но токму тоа се случи на ракометен меч во Данска. Една ракометарка успеа да ја освои топката и да излезе сама пред празниот гол, но тогаш се случи чудо.
Наместо рутински да реализира и да ја затресе празната мрежа, ракометарката шутираше силно и ја погоди пречката, а потоа топката заврши во голаут.