Имаше солзи и од радост и од тага за првиот гренслем-пехар, сега пак ќе игра против тенисерката што ја расплака

Наоми Осака повторно ќе игра многу важен меч против великанот во женскиот тенис Серена Вилијамс, овојпат во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на Австралија во Мелбурн.

Јапонката убедливо ја победи Си Су Веи со 2:0 во сетови, двапати по 6:2, а најтрофејната тенисерка, Вилијамс, полесно од очекувањата ја елиминира Симона Халеп со идентична победа од 2:0, но со по еден загубен гејм повеќе, односно 6:3, 6:3.

Моментно билансот им е израмнет 2:2 во победи, а Наоми ја забележа највредната победа во кариерата токму против Серена, на Отвореното првенство на САД во 2018 година.

Во контроверзно финале во Њујорк, Вилијамс беше казнета со одземен поен поради кршење на рекетот, а потоа доби уште една казна поради вербален напад кон судијата на мечот, што потоа ја расплака шокираната Осака.

Тоа беше прв пехар на грендслем-турнирите за Јапонката, а Серена Вилијамс потоа ѝ се извини со изјава дека не сакала да ѝ го расипе моментот на Осака.

Серена е втора на вечната листа според титулите на грендслем-турнирите, ги има вкупно 23 во поединечна конкуренција и пред неа е само Маргарет Корт со 24 пехари.

 

- Оглас -

Најнови вести