Металург се срами, а Пелистер почна да „гази“ во низа

Еурофарм Пелистер ја запиша четвртата победа во низа во Европската лига на ЕХФ со конечни 32:31 против ГОГ Гудме во рамките од осмото коло.

Битолскиот состав го положи тешкиот испит за трета домашна победа, односно четврта по ред на европската сцена, по што застана на второто место во групата Д со девет бода.

Пелистерци се најдоа во негатива од еден гол по првите 30 минути игра, но веќе во второто полувреме се видоа знаци на подобрување. Серијата од 4-0 му донесе предност на Пелистер од 25-22, по што домаќините го контролираа резултатот во последните 10 минути.

Мараш со осум погодоци беше најефикасен од редовите на Пелистер, додека 11 гола на Јакобсен не беа доволни за тимот на Гудме.

https://twitter.com/ehfel_official/status/1361780144055087104

Неколку часа претходно, Металург претрпе нов дебакл и загуби со огромни 35:20 на гости кај Висла Плок. За тимот од Автокоманда тоа е петти пораз во шест натпревари, ремито со Аон риверс го донесе единствениот бод засега за вториот македонски претставник во натпреварувањето на ЕХФ.

- Оглас -

Најнови вести