Македонија води на полувреме против непобедливата Италија!

Македонската кошаркарска репрезентација одигра одлично прво полувреме против Италија на квалификацискиот турнир во Перм за пласман на Европско првенство и води со 43:41. Во досегашниот дел од квалификациите, Македонија во два меча претрпе два порази, а Италија има три победи од три средби.

Иако Македонија е аутсајдер во овој меч, кошаркарите на теренот одиграа одлични 20 минути. Во првата четвртина Италија во поголемиот дел имаше предност, која не беше поголема од пет разлика (16:11). По 10 минути Аѕурите водеа со 25:23.

На стартот од втората четвртина Македонија го презеде водството со 28:27 и до крајот на четвртината нашите кошаркари го диктираа темпото. По тројката на Бојан Трајковски, во 15-тата минута стигнавме до 34:27, а во 19-тата минута со уште една тројка, овојпат на Стојан Ѓуроски, стигнавме до 43:35. Италија во завршницата со две тројки стигна до 43:41, како најава за неизвесно второ полувреме.

Ненад Димитријевиќ блеска во нападот и даде 19 поени со шут 6/9 од поле и 7/9 од линијата за слободни фрлања. По шест поени имаат Трајковски и Вајли, капитенот Војдан Стојановски даде 5 поени, во листата на стрелци се запишаа и Ѓуроски 3, Крстевски 2 и Магдевски 2 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести