Фудбалскиот клуб Сандерленд, кој оваа сезона се натреварува во Третата лига на Англија, го доби најмладиот сопственик во фудбалската историја.
Кајрил Луис-Драјфус, 23-годишниот бизнисмен, поседува мнозинство од акциите на англискиот третолигаш и има големи амбиции околу некогашниот шампион. Негова цел е да ги врати Црните мачки во англиската елита, кои пак во две последователни сезони претрпеа испаѓање во Лига 1, третиот ранг во англискиот фудбал.
Луис-Драјфус инаку е син на поранешниот сопственик на Олимпик Марсеј, Роберт Луис-Драјфус, кој почина во 2009 година.
Сандерленд, пак, во својата историја брои шест шампионски титули во највисокиот ранг, последната е освоена во далечната 1936 година, а се паметат и два трофеи во ФА купот.