Влатко Андоновски ќе остане запишан како селектор на женската селекција на Соединетите Американски Држави со најдолга серија победи, по тримфот од 2:0 вечерва против Бразилките.
Македонецот беше именуван за нов, деветти селектор по ред во историјата на четирикратните светски првенки во октомври 2019 година и оттогаш на 15 меча забележа 15 победи.
FT: #USWNT 2-0 Brazil | Press early, Rapinoe late send the US to 15-0-0 under Vlatko Andonovski | They have not won the SheBelieves Cup yet but among the things needed for them NOT to is to lose to Argentina. Not likely
— Dan Lauletta (@TheDanLauletta) February 21, 2021
Вечерва на „SheBelieves“ купот Американките почнаа одлично и со голот на Прес во 11-тата минута најавија дека ќе ја продолжат блескавата серија победи.
Капитенот и иконата на женскиот фудбал во САД, Меган Рапино, со убав гол во 88-мата минута го потврди триумфот против Бразилките.
САД има две победи на два меча на Купот што го организира, а треба да игра уште против Аргентина и Јапонија.