Лигата на шампиони се враќа на главната сцена за натпреварите од петтото коло во групната фаза. За разлика од претходните неколку сезони, оваа есен само на еден тим му беа доволни четири средби да го обезбеди своето учество во нокаут-фазата. Се работи за Барселона, но Каталонците допрва треба да го потврдат учеството како првопласирана екипа пред ждрепката.
По ова коло, речиси сигурен пласман во следната рунда ќе обезбедат неколку екипи, како Манчестер сити, Баерн Минхен, Порто, Реал Мадрид или Рома, Јувентус и Борусија Дортмунд.
Ова коло инаку е познато по „чистење“ на картоните. Се однесува за фудбалерите кои имаат два или четири жолти картони од досегашните натпревари, бидејќи трет или петти жолт картон ќе значи суспензија за шестото коло, па во нокаут-фазата ќе можае да влезат „чисти“. Во вакви случаеви, тренерите најчесто бараат од своите играчи кои се во ваква ситуација намерно да заработат жолт картон, бидејќи следното „чистење“ ќе биде по завршувањето на четврт-финалињата.
Со овој проблем се соочуваат Талјафико од Ајакс, Жардел од Бенфика, кои имаат по три опомени, додека Филип Стојковиќ и Ненад Крститиќ од Црвена ѕвезда имаат по два жолти картони од четири средби.
Како по обичај, за денес се предвидени осум средби: Од 18.55 играат АЕК Атина – Ајакс и ЦСКА Москва – Викторија П‘лзењ, додека шест меча започнуваат во 21 часот: Рома – Реал Мадрид, Баерн Минхен – Бенфика, Хофенхајм – Шахтар Донецк, Јувентус – Валенсија, Лион – Манчестер сити и Манчестер јунајтед – Јанг бојс.
Денес и утре на СПОРТ МАНИЈА повторно ќе можете да ги следите последните промени од резултатите на сите средби и преку видеоизвестување ќе можете да ги видите сите погодоци на 16-те средби во вторник и среда.
Сите повреди и суспензии:
АЕК: Лопез, Клонариди, Чосиќ неизвесни; Иконому повреден.
Ајакс: Ел Азузи, Велтман неизвесни; Банде, Ајтин, Зиеч повредени.
Атлетико: Хименез, Хуанфран неизвесни; Годин повреден.
Барселона: Кутињо неизвесен; Вермален, Ракитиќ, Серхи Роберто, Рафиња, Артур, Суарес повредени.
Баерн: Хумелс, Гнабри неизвесни; Толисо, Алкантара, Хамес повредени.
Бенфика: Салвио, Грималдо, Гарсија, Фејса, Ривеиро неизвесни; Ебуехи повреден.
Дортмунд: Хиц неизвесен.
Бриж: Бонавентуре, Дијата, Греневалд, Флитник неизвесни; Фосен повреден.
ЦСКА: Хернандез, Џагоев неизвесни; Васин, Ахметов повредени; Магнусон суспендиран.
Порто: Абубакар повреден.
Галатасарај: Фернандо неизвесен; Акбаба, Белханда, Ѓумуш повредени.
Хофенхајм: Амири неизвесен; Руп, Грилих повредени; Нуху суспендиран.
Интер: Врсаљко неизвесен; Енрике повреден.
Јувентус: Бернардески неизвесен; Џан, Кедира повредени.
Ливерпул: Гомес неизвесен; Брустер, Окслејд-Чембрлен повредени.
Локомотив: Коломејцев неизвесен; Кверквелија суспендиран.
Лион: Рафаен неизвесен; Гири повреден.
Манчестер сити: Браво, Де Бројне, Менди повредени.
Манчестер јунајтед: Линделоф повреден.
Монако: Пелегри, Раги, Траоре, Туре неизвесни; Олу, Глик, Мбула повредени.
ПСЖ: Н‘соки, Нејмар, Мбапе неизвесни; Дагба повреден.
ПСВ: Томас повреден.
Реал Мадрид: Дијаз, Фернандес, Одриозола неизвесни; Регуилон, Касемиро повредени.
Црвена звезда:Павков неизвесен; Савиќ, Стојковиќ, Јованчиќ, Чаушиќ повредени.
Рома: Де Роси, Пасторе неизвесни; Манолас повреден.
Шалке: Ритер, Техер, Ут, Мекени неизвесни; Емболо повреден.
Шахтар: Фернендо неизвесен.
Наполи: Верди неизвесен; Кирикеш повреден.
Тотенхем: Роуз, Санчез, Трипие неизвесни; Јансен, Амос, Дембеле повредени; Љорис суспендиран.
Валенсија: Черишев неизвесен.
П‘лзен: Крмечик повреден.
Јанг бојс: Лотомба, Тешеира, Ватрих, Оро неизвесни.