Чудесната серија победи на Манчестер сити продолжи – Чудо се случи во ЛШ, домашните екипи едвај еднаш шутнаа кон голот (Видео)

Манчестер сити продолжува да гази безмилосно на сите фронтови, а вечерва со сигурна игра ја победи Борусија Менхенгладбах со 2:0, како гостин на „Пушкаш арената“ во Будимпешта.

Вториот меч се играше во Бергамо меѓу Аталанта и Реал Мадрид и со победнички гол во 86-тата минута го одлучи Ферланд Менди. Играчот на Реал Мадрид погоди со прекрасен удар од 18-тина метри.

Домаќините играа со фудбалер помалку од 17-тата минута, кога беше исклучен Ремо Фројлер, предност што успеа да ја искористи Реал Мадрид и да победи со 1:0.

https://twitter.com/GreatWhite_9/status/1364693532351455233?s=20

Чудото што се случи вечерва во Лигата на шампионите тешко дека ќе се повтори, а и двете домашни екипи едвај еднаш упатија директен удар кон голот на гостинските екипи.

Манчестер сити рутински и без многу мака славеше со 2:0 и тоа на популарните Граѓани им е 19-та победа по ред во сите конкуренции.

Бернардо Силва погоди во 29-тата минута и најави продолжување на блескавата серија победи на Манчестер сити.

Гостите имаа апсолутна доминација на теренот во Будимпешта и му дозволија на германскиот тим само еднаш да им шутне кон голот, и тоа во последните моменти на мечот. Победата на Сити ја запечати Габриел Жезус со погодок во 65-тата минута.

Реванш-дуелите од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се играат во Мадрид и во Манчестер на 16 март.

 

- Оглас -

Најнови вести