Опасно потценување на европскиот првак: Ѕвезда е слаба за Милан, рангот ѝ е просечен италијански второлигаш

Италијанскиот новинар Роберто Палмиеро опасно ја потцени Црвена ѕвезда во својот текст објавен во „Милан прес“ пред реванш-дуелот со Милан вечерва на „Сан Сиро“ од 21 часот во рамките на Лигата на Европа.

Палмиеро изненадувачки ја рангира Ѕвезда како просечен италијански второлигаш, веројатно заборавајќи дека „црвено-белите“ токму во Италија, во Бари, пред 30 години ја освоија и евопската круна, а и на првиот меч во Белград одиграа одлично и ремизираа 2:2 со Милан.

„Во Милан треба да бидат загрижени по два порази по ред во Серија А и разочарувачкото реми против белградска Црвена ѕвезда во меч од Лигата на Европа. Со должна почит кон српскиот тим, но тие по квалитет се во рангот на просечните екипи од нашата Серија Б“, пишува Палмиеро.

Ова може да биде дополнителен мотив за српскиот првак на реванш-дуелот вечерва во 1/16-на финалето во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести