Две скијачки со страшни повреди на денешниот суперџи (Вознемирувачко видео+фото)

Болните крици на Кајса Викоф Ли од Норвешка и на Австријката Розина Шнебергер, кои се здобија со потешки повреди, ја засенија победата на Федерика Брињоне на денешната суперџи-трка во Вал ди Фаси, која се возеше во рамките на Светскиот куп во алпско скијање.

Викоф Ли при голема брзина ја загуби контролата, падна, заврши во заштитната мрежа, но 22-годишната Кајса почна да вика од болка и стана јасно дека станува збор за тешка повреда. Фотографиите покажуваат дека станува збор за скршеница на потколеницата на левата нога. Трката беше прекината половина час, скијачката со хеликоптер беше пренесена во болница и за неа сезонава е завршена, како и почетокот на наредната.

Малку подоцна, и Австријката Шнебергер заврши во болница, откако падна. За неа нема точна информација колку е тешка повредата.

Ова е снимка од падот на Викоф Ли, а ако сметате дека може да ве вознемири, подобро не го гледајте видеото или барем исклучете го тонот:

https://twitter.com/i/status/1366048860011974658

- Оглас -

Најнови вести