Хилд со кралски рекорд во НБА, моментот му го расипа Монк со кош за победа во последната секунда (Видео)

Бади Хилд погоди 8 тројки за Сакраменто кингс на дуелот со Шарлот хорнетс и најбрзо стигна до 1.000 погодени удари за три поени во историјата на НБА-лигата само на 350 одиграни натпревари.

Хилд постигна вкупно 30 поени, но забавата и моментот му ги расипаа Малик Монк и уште повеќе неговиот соиграч Ришон Холмс со фаул на 1,4 секунди до крајот.

Монк постигна кош за израмкнување на 126:126, а притоа Холмс направи и фаул, па бекот на Шарлот беше ладнокрвен и му донесе победа на својот тим од 127:126 во меч на кој вечно ќе се сеќава и Хилд, иако загуби со Сакраменто на неверојатен начин.

 

Зад Хилд се Стефон Кари со 1.000 тројки постигнати на 369 натпревари, Клеј Томпсон со илјадарка на 372 меча и Демиен Лилард со илјада погодени тројки со 385 одиграни мечеви.

- Оглас -

Најнови вести