Барселона и Севилја во дополнителни 30 минути ќе решаваат кој ќе се пласира во финалето на Купот на Шпанија. Каталонците како и во четвртфиналето против Гранада, повторно се извлекоа на драматичен начин.
Дембеле со бомба даде гол за 1-0, но за 2-0, што донесе продолженија, се чекаше дури до 94-тата минута, кога Пике погоди со глава. Сега Барса е во психолошка предност, а има и еден играч повеќе на теренот по исклучувањето на Фернандо.
Во 73-тата минута Севилја имаше меч-топка, беше досуден пенал, но шутот на Лукас Окампос го одбрани Марк-Андре тер Штеген. За Окампос, ова е прв утнат пенал во дресот на Севилја откако ги погоди претходните 10.
Ова е голот на Пике кој донесе голема радост за Барселона и тренерот Куман.
https://www.youtube.com/watch?v=COvZZ775OYE