На три дена пред големото градско дерби против Атлетико, нови проблеми во Реал Мадрид. На листата на повредени се приклучи и Маријано Дијас, па сега Зинедин Зидан на располагање има само еден напаѓач, и тоа младиот Хуго Дуро, кој на првиот тим му се придружи принудно, по повредата на Карим Бензема.
Во Реал беа големи оптимисти дека Бензема ќе може да игра в недела на „Ванда Метрополитано“, но тој денеска тренираше одвоено од екипата. Утрешниот тренинг веројатно ќе биде клучен за тоа дали првиот стрелец на Реал ќе игра против Атлетико или тимот во дербито против лидерот ќе мора да се снаоѓа без класичен шпиц, или пак со младиот Дуро како стартер.
Маријано не ја искористи баш шансата која ја доби периодов, а повредата не му е тешка, но нема да игра околу две недели. Ова е дури 42-ра повреда кај играч на Реал Мадрид сезонава, нешто што е аларматно за Кралскиот клуб.