Тага за Барди и Леванте, Билбао по 39-ти пат ќе игра куп-финале во Шпанија (видео)

Атлетик Билбао ќе му биде противник на Барселона во финалето од Купот на Шпанија откако Баскијците ги елиминираа Леванте и Енис Барди во реваншот кој го добија со 2-1 по 120 минути игра.

Голот од далечина на Беренгер во 112-тата минута го реши второто полуфинале, иако Леванте во регуларните 90 минути поведе само по 17 минути игра. Роџер Марти ја отвори средбата во Валенсија пред Гарсија од пенал да израмни на 1-1 во 30-тата минута. Иако се чинеше дека пенал-рулет ќе го одлучува победникот, гостите дојдоа до помалку среќен погодок, кој беше доволен за Билбао да го закаже вкупно 39-тото куп-финале во својата историја.

Барди како резерва од клупата влезе на почетокот од второто полувреме, по што се најде во убава шанса од слободен удар да ја погоди противничката мрежа, меѓутоа голманот на Билбао интервенираше навремено.

Атлетик Билбао воедно за две недели ќе игра две финалиња во Купот на Шпанија, со оглед на тоа дека ланската бита за трофејот против Реал Сосиедад е помесетна за 3 април, додека средбата против Барселона е закажана за 17 април.

 

- Оглас -

Најнови вести