Хозе Моралес, еден од најдобрите играчи на Леванте и капитен на тимот, не можеше да ги сокрие солзите по елиминацијата во полуфиналето на шпанскиот куп.
Популарниот Ел Команданте, како што е познат кај навивачите на Леванте, тешко го доживеа поразот на својот тим по продолженија, во реваншот од полуфиналето во Копа дел Реј против Атлетик Билбао.
Леванте имаше шанса за историски настап во финале на шпанскиот куп, но загуби во продолженија со 1:2.
https://twitter.com/LevanteUD/status/1367610891886358529?s=20
И реваншот во Валенсија во регуларниот дел заврши 1:1, исто како и првиот меч во Билбао, па се играа продолженија. Атлетик успеа да постигне гол, стрелец беше Беренгер во 112-тата минута и испиша историја во Шпанија.
Баскијците ќе играат две финалиња во април, и тоа против Реал Сосиедад на четврти во пролонгираниот лански меч за титулата во Копа дел Реј и потоа против Барселона на 17 април, и тоа на ист стадион, на „Картуха“ во Севилја.