Пингвините се разиграа, Ренџерс пак ќе загубат во битката на шампионите

8201 Питсбург пингвинс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 00 часот)

По речиси два месеци пауза двете легенди на Питсбург, Сидни Крозби и Евгени Малкин погодија на ист меч, а Пингвините со помош на двајцата ветерани пред две ноќи го декласира токму Њујорк ренџерс со 5:1.

Сега повторно ќе играат меѓусебе во ново дерби на Источната конференција во НХЛ лигата. Голем проблем за Ренџерите е бизарниот случај со нивниот најдобар хокеар и стрелец Артеми Панарин, кој се повлече од тимот, откако во Русија е покрената истрага против него дека истепал девојка, во случај што е стар 10 години.

Њујорк сепак има одлични напаѓачи од калибарот на Зибанеџад, Бухневич, Крејдер и Стром, но потфрлија на последниот дуел со Питсбург.

И домаќините имаа одлични комбинации на офанзивци во сите постави, предводени од Крозби, Малкин, Генцл, Капанен… што е добра најава за ефикасен меч.

Двете екипи се трофејни, заедно со 9 титули во НХЛ, а типуваме дека петкратниот првак Питсбург повторно ќе ги победи Ренџерите од Њујорк, кои имаат 4 пехари во Стенли купот.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

1617 Вашингтон капиталс – Њу Џерси девилс (НХЛ, 01 часот)

Последните дуели меѓу Вашингтон и Њу Џерси се многу ефикасни и серијалот со најмалку пет гола се уште е актуелен. Тимот од главниот град на САД го гази ривалот и има три победи против Ѓаволите во оваа сезона.

Ако победат ноќеска имаат шанса и да бидат први на табелата во Источната дивизија, а добра вест за Вашингтон е што се намали долгиот список на отсутни хокеари.

На мразот се вратија Ти-Џеј О`Ши и Никлас Бекстром, што е голем пострек за еден од фаворитите за титулата. Тие двајца со легендата Александер Овечкин ја сочинуваат веријатно и најдобрата тројка напаѓачи во НХЛ, како стартна навална линија.

Њу Џерси е во процес на реконструкција на тимот, имаат доста нови хокеари што се одрази и на пласманот. Вашингтон е голем фаворит, а можете да одиграте единица со специјален коефициент од 1.94 од Супер типот на Sport Life.

Предлог тип: 1 (1.94) Супер тип на Sport Life

 

8361 Њујорк ајландерс – Бостон бруинс (НХЛ, 01 часот)

Островјаните се во топ-форма и со пет победи по ред се пробија дури до врвот на табелата во Источната дивизија. На последните три меча што ги одиграа славеа со ист резултат од 5:2, против иста екипа, Бафало сејбрс, што е мини-серијал за Рипли.

Бостон игра по принципот „топло-ладно“ и на секоја победа реди и пораз, а во последно време и зачестија неуспесите на шесткратниот НХЛ првак.

Бруинс разочараа пред две ноќи со пораз на свој терен од Њу Џерси девилс, а во последно време не играат добро ниту против Ајландерс.

Екипата од Њујорк води со 3:0 во меѓусебните дуели со Бостон сезонава, а последниот меч ги декласираа со 7:2. Ајландерс постигнаа дури 14 гола на овие три меча, а примија само 4, па иако според коефициентите гостите се фаворити, ќе типуваме дека ќе има и четврта победа по ред на лидерот на Истокот во НХЛ лигата.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

8363 Торонто мејпл лифс – Винипег џетс (НХЛ, 01 часот)

Со два порази по ред од Ванкувер, екипата на Торонто пропушти шанса да има двоцифрена предност на врвот на табелата пред конкурентите во Северната дивизија, или како што ја нарекуваат канадската лига.

Мејпл лифс се најефикасната екуипа во ова друштво од 8 канадски тима и топ-фаворит прв да обезбеди настап во плејофот. Ноќеска играат против Џетс, клуб од кој немаат пораз во регуларен дел на последните пет натпревари.

Винипег одигра очаен меч против Монтреал пред два ноќи и загуби со 1:7, а како по традиција нема многу успеси ниту против Торонто во последните неколку сезони.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

8365 Детроит ред вингс – Тампа беј лајтнинг (НХЛ, 01.30 часот)

Шампионот Тампа беј убедливо ги доби двата дуели сезонава против Детроит, со 3:1 и 5:1, но сега за првпат во овој циклус ќе им гостува на некогаш славните Црвени крилја.

Грмотевиците и буквално грмат кога играат против Детроит и се непоразени во регуларен дел од меч на последните 19 меѓусебни дуели, што е фантастична серија.

Ред Вингс и сезонава се скромни, моментно се последни на табелата во Централната дивизија, па тешко ќе му се спротивстават на лидерот и актуелен првак.

Предлог тип: 2&5+ (2.18)

 

- Оглас -

Најнови вести