Јувентус мора да го победи Порто, по можност без примен гол, па тренерот Андреа Пирло одлучи во почетниот состав да ги стави своите најопасни напаѓачи Кристијано Роналдо и Мората, а како поддршка ќе им биде Федерико Кјеза, кој даде важен гол на првиот меч. Старата дама на терен истрчува со најдоброто кое го има на располагање, формацијата може да биде 4-3-3 или 4-4-2.
Но, и и Порто тргнува со два напаѓачи.
Борусија Дортмунд чека голови од Ерлинг Халанд за потврда на пласманот во следната фаза. Севилја мора да победи со два гола разлика, и во таа мисија тргнува со Ел Несири како ударна игра во нападот, но имаат и други оружја.