Каква драма и изненадување, храбриот Порто со играч помалку го исфрли Јуве од ЛШ!

Порто приреди големо изненадување и иако загуби со 2-3 од Јувентус, сепак оди понатаму во Лигата на шампионите, а патот за Јуве завршува тука, прерано, уште во осминафиналето.

Сержо Оливеира како двоен стрелец е јунак на Португалците, но мора да се истакне целиот тим на Порто, кој одлично и храбро се држеше цел час, со еден човек помалку на теренот. Јуве се избори за продолженија, но тогаш Оливеира од слободен удар го најави триумфот на Порто. Рабио брзо возврати и му донесе победа на Јувентус, но таа победа е само пирова, бидејќи на Бјанконерите им требаше уште еден гол за да одат понатаму.

- Оглас -

Најнови вести