Барселона сонува нов историски пресврт против ПСЖ, квотата за такво нешто во Sport Life е огромна

Пари Сен Жермен е тимот кој се стекна со најголема предност по првите мечеви во осминафиналето од Лигата на шампиони, откако со 4:1 славеше на гостувањето кај Барселона. Францускиот првак одигра фантастичен меч на „Камп Ноу“, а најзаслужен за високата победа беше Килјан Мбапе кој постигна хет-трик.

Вечерва, Светците на свој терен во Париз ќе треба само да го потврдат пласманот во следната фаза, но историјата вели дека кога играат против Барселона, никогаш ништо не е невозможно. Пред четири сезони овие два тима играа во нокаут фазата од ЛШ, а ПСЖ дома на првиот меч победи со 4:0. Делуваше дека реваншот ќе биде само формалност, но Барселона направи чудо и славеше со 6:1, па францускиот тим беше елиминиран.

Сега ситуацијата е поинаква, Барса на гости ќе мора да брка негатива од 1:4.

„Секогаш е многу потешко да се брка пресврт кога дома си загубил 1:4, отколку на пример ако првиот меч на гости го загубиш 0:2.Сепак, ништо не е невозможно. Веруваме во нашите можности. Знаеме дека Барселона секогаш треба да победува и сега е време да го покажеме нашиот менталитет. ПСЖ е силен противник кој има за цел да оди до крај во ЛШ. За да се надеваме на чудо мора да одиграме меч со многу голови. Најважно е да го дадеме максимумот“, вели тренерот на Барселона, Роналд Куман, кој подготвува тактика со формација 3-5-2.

Стратегот на ПСЖ, Маурисио Покетино предупредува дека ништо не е завршено. Домаќините ќе играат во формација 4-2-3-1и сакаат да стигнат до нова победа во овој двомеч.

„Треба целосно да бидеме фокусирани на мечот, исто како што тоа го направивме во Барселона. Треба да нападнеме и да победиме. Знаеме дека Барселона е голем клуб и нема да се опуштиме. За нас, овој меч започнува со 0:0 и ќе одиме да победиме“, вели тренерот на Светците.

 

- Оглас -

Најнови вести