Чудо е тоа што го прави Суарес во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид со 2:1 го победи Атлетик Билбао во заостанат меч од шпанското првенство, победа со која Јорганџиите само се зацврстија на чело на табелата во Примера дивисион. По комплетирани 26 кола во првенството, Атлетико Мадрид е лидер со 62 бода, шест повеќе од Барселона и дури осум од Реал Мадрид.

Атлетик Билбао прв даде гол и тоа преку Муниаин во 21 минута. Да не замине Атлетико Мадрид со негатива на полувреме се погрижи Љоренте со погодок во 45+2 минута. На почетокот на вториот дел Луис Суарес стапи на сцена. Најдобриот играч на Атлетико беше фаулиран во шеснаесерникот на гостите и беше досуден пенал. Уругваецот ја превзема одговорноста да го шутира пеналот и погоди за 2:1, што на крајот се покажа како клучно за триумф на домаќините.

За Суарес ова беше 18 погодок сезонава, а благодарение на неговите погодоци Атлетико освои дури 15 бодови, што е најдобар ефект на еден играч во Примера сезонава. Зад Суарес на оваа листа следуваат Морено, Меси и Ен-Насри чии погодоци донеле по 11 голови на нивните екипи.

- Оглас -

Најнови вести