Сабота 13-ти март можеби е вашиот среќен ден за 13-ка на Спортска прогноза

Во претходното коло на Спортска прогноза по еден гол фалеа да имаме добитник на главната премија „ајфон11“, двајца учесници во бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија погодија по 12 од потребните 13 двојки, а сега пред прогнозерите е нова шанса да „ајфон 11“ или ваучери од 1.000 (за 12 погодени) и 500 денари (за 11 погодоци) од најдобрата обложувалница во Македонија, Sport Life.

Предизвик да се одигра 27-мото коло во кое има четири саботни и дури девет неделни натпревари.

Прогнозирањето е во тек, за учество треба само да имате СЛ картичка од Sport Life, а потоа во неколку едноставни чекори да ги прогнозирате 13 главни плус 2 резерви натпревари во ова коло, до сабота до 15.30 часот кога почнува првиот меч од основната понуда.

Во фокусот се двете градфски дербија во Лондон и Севилја. Од прогнозерите кои досега типувале, мала предност му зе дава на Тотенхем против Арсенал, но тоа може да се смени до крајот на типувањето, додека огромно мнозинство играчи веруваат дека Севилја ќе го добие Бетис.

Треба да погодите и како ќе си поминат Елиф Елмас и Наполи на гостувањето кај Милан, како е заврши пресметката на Џенова со Пандев против Удинезе на Несторовски. Не губете време, прогнозирајте и потоа чекајте награди.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести