Манчестер јунајтед и Милан се „искасапени“, познати најавените почетни состави

Екипите на Манчестер јунајтед и Милан се приморани вечерва од 18.55 часот на „Олд Трафорд“ во дуелот од Лига Европа да истрчаат не со своите најдобри состави, туку со она што го имаат на располагање.

Росонерите во Англија отпатуваа без Ибрахимовиќ, Манџукиќ, Тео Ернандес, Бенасер, Ребиќ и Чалханоглу. Неизвесен е настапот на капитенот Ромањоли кој отпатува со тимот, но можеби ќе биде поштеден.

И Црвените ѓаволи не се комплетни. Ќе ги нема Погба, Рашфорд, Кавани и Ван де Бек. Менаџерот Солскјер најмногу очекува од Бруно Фернандеш кој од 2012 до 2017 година играше во Италија, за Новара, Удинезе и Сампдорија. Бруно пред девет сезони потпиша за Новара за само 40.000 евра, во Удинезе прејде за 2,3 милиони, а сега вреди многу повеќе од тоа.

Можните почетни состави се следните:

Манчестер ј: Хендерсон, Ван Бисака, Баили, Мегваер, Шо, Фред, Мектоминеј, Гринвуд, Фернандеш, Џејмс, Марсијал. 

Милан: Донарума, Калабрија, Томори, Кјер, Далот, Меите, Кеси, Салемакерс, Брахим Дијас, Круниќ, Леао. 

- Оглас -

Најнови вести