Спортска прогноза: Прогнозерите се поделени околу дербито во северниот дел од Лондон

Во претпоследниот ден од 27-то коло на Спортска прогноза, учесниците се поделени околу дербито кое во претстојниот викенд ќе се игра во северниот дел од Лондон.

Арсенал го пречекува лутиот ривал Тотенхем во недела во 17:30 часот, што за прогнозерите претстави предизвик во приложувањето на прогнозите. Околу 25% од нив очекуваат тимот на Микел Артета да ги освои бодовите, додека 37,99% од прогнозери сметаат дека Жозе Мурињо и неговите фудбалери ќе се радуваат на „Емирати“. За да нема победник, типуваа нешто повеќе од 36% од учесниците, што е знак дека ова дерби ќе ја одреди трката за главниот подарок, „ајфон 11“.

Време за учество имате уште денес и утре до 15:30 часот, односно пред почетокот на првиот натпревар од 27-то коло, а тоа е бундеслигашкиот дуел меѓу Мајнц и Фрајбург.

Затоа не чекајте, прогнозирајте во новото коло и бидете во трка за освојување на Ајфон 11 или вредносните ваучери на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести