Анхел Ди Марија ќе ја игра и седмата сезона во дресот на Пари Сен Жермен, откако денедка го продолжи договорот до 2022 година. Аргентинецот е член на париските светци од 2015 година, а авантурата ќе продолжи најмалку до следната година.
По настапот за Розарио Центарл во својата родна земја, фудбалската карта на одличното крило е импресивна со настапи за три екипи што имаат европски круни, пред доаѓањето во Париз.
Прв клуб во Европа му беше двојниот европски првак Бенфика, чиј член беше од 2007 до 2010 година, а потоа се пресели кај најтрофејниот еврппски клуб Реал Мадрид, екипа што има дури 13 европски круни, убедливо најмногу на Стариот континент. Во Мадрид се задржа четири години од 2010 до 2104 година, а потоа една сезеона беше член и на трикратниот европски шампион Манчестер јунајтед.
Црвените ѓаволи во 2014 година платија точно 59 милиони фунти за Ди Марија, што тогаш беше највисок трансфер во историјата на клубот и најголем во историјата на англискиот фудбал.
Следната година Манчестер јуинајтед го продаде Анхел, а ПСЖ плати 44 милиони фунти за аргентинскиот репрезентативец со 104 настапи за Гаучосите.