Атлетико сурово го гази Хетафе, неверојатните серии во малото мадридско дерби ќе продолжат

1704 Марсеј – Брест (Лига 1, Франција, 17 часот)

Брест е интересна екипа сезонава со најмалку нерешени дуели по Пари Сен Жермен, а играат исклучително ефикасно и примаат и даваат многу голови.

По потресите и протестите во Марсеј, ситуацијата кај францускиот гигант се потсмири, а тимот има шанси да се избори за настап во Европа Лигата.

Денеска се и во подобра ситуација со здравствениот билтен од ривалот, бидејќи речиси сите играчи му се на располагање на Сампаоли, кој дебитираше на клупата на Марсеј со победа против Рен.

За Брест веројатно нема да игра најдобриот стрелец Франк Онора, но гостите имаат солидни адути во нападот за да постигнат барем еден гол на „Велодром“.

Предлог тип: ГГ (1.75)

 

1005 Евертон – Барнли (Премиерлига, Англија, 18.30 часот)

Евертон има само еден пораз на домашен терен од Барнли во досегашните шест дуели, а најчесто победува со 1:0, или 2:0. Во таа граница се движат и последните четири меча во Премиерлигата што ги одиграа популарните Карамели.

За Барнли веќе и обичните љубители на фудбалот знаат дека е веројатно и најтврдата екипа во англиското првенство, а филозофијата на Шпн Дајч е да не се прими гол.

Евертон е нејнеефикасната екипа од кандидатите за пласман на првите пет позиции што гарантираат европски настап, а денеска ќе биде дополнително ослабен. Нема да игра Хамес Родригес, веројатно и Ришарлисон, а неизвесен е и настапот на Сигурдсон што ќе ја ослаби офанзивата на домаќинот.

Барнли не може да смета на Барнс, а гостите би биле пресреќни и со бод во битката за опстанок.

Предлог тип: 1&0-4 гола (2.20)

 

1807 Борусија Дортмунд – Херта (Бундеслига, 18.30 часот)

Ова е многу важен меч и за двете екипи, а целта им е различна. Борусија се бори за позиција што води во Лигата на шампионите и мора да ја победи Херта за да фати приклучок со конкурентите.

Херта бие грчевита битка за опстанок во многу лоша сезона за тимот од главниот град. Пал Дардаи ќе се обиде да го истурка тимот до опстанок во Бундеслигата, но мисијата нема да биде лесна.

Херта има многу солиден состав што игра слабо, па со 21 бод се само два чекори над опасната зона за испаѓање. Денеска нема да им играат Кедира, Бојата, Куња и Радоњиќ, а уште полошо за нив е што веќе 7 меча по ред не знаат како да ја победат Борусија, без разлика дали се игра во Дортмунд, или во Берлин.

Милионерите веројатно се и уморни по исцрпувачкиот реванш-меч со Севилја, по кој си обезбедија настап во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Имаат и доста повредени играчи, но сепак го имаат неверојатниот стрелец Халанд и подобри играчи од Херта и во ваква ситуација.

Предлог тип: 1&3+ (2.07)

 

3005 Џенова – Удинезе (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Џенова има многу проблеми кога игра против Удинезе и серијата без победа е долга и изнесува точно 9 натпревари по ред.

Последен пат домаќините победија на својот Мараси во 2016 година, а потоа почна серијалот на Зебрите, кои ја победија Џенова шест пати и три меча одиграа нерешено.

Уште еден проблем за домаќините денеска ќе биде отсуството на неколку важни играчи, а меѓу нив е и Горан Пандев. Капитенот на македонската репрезентација се уште не е комплетно фит по повредата на бутниот мускул.Иста повреда има и Пелегрини. Поради жолти картони во составот на Џенова ќе ги нема и Дестро и Масиело, што му дава предност на Удинезе.

Гостите за кои се подобро и повеќе игра Илија Несторовски се и во подобра форма, со низа од четири меча без пораз и типуваме дека нема да загубат во тврд меч, со најмногу три гола.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (1.67)

 

1306 Хетафе – Атлетико Мадрид (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Нема подолга серија во Топ-5 лигите од таа на градските ривали Хетафе и Атлетико со 13 меча по ред на кои немало повеќе од два гола. Играта од 0-2 гола е константа за овие два тима кога играат меѓусебно, од 2013 година кога последен пат имаше над два гола и тоа во убедливата победа на Атлетико од 7:0.

Токму со тој триумф почна и неверојатната серија на Јорганџиите во дуелите со градскиот ривал. Се уште е актуелна, а вели дека Атлетико го победи Хетафе на последните 13 меча.

Уште полош за Хетафе е неверојатниот серијал од 17 меча по ред во Ла Лига на кои му нема дадено гол на Атлетико.

И сега односот на силите и квалитетот на играчите не е сменет и Атлетико пак е голем фаворит за победа. Проблем за Хетафе е како да се најде тактика за сензација во ситуација кога нема да им игра најдобриот стрелец Хаиме Мата. И Анхел кој има ист број на погодоци, пет како и Мата се поретко добива шанса да биде стартер, што е чудно, но веројатно ќе се повтори и денеска.

Хетафе е и во лоша форма со само една победа на последните 8 меча, па Атлетико ќе нема проблем да ја продолжи блескавата серија победи против градскиот ривал од Мадрид.

Предлог тип: 2 (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести