Има топ дерби натпревари и уште поубави награди – Одиграјте Спортска прогноза до 15.30 часот

Грото од учесниците во 27. коло на Спортска прогноза типуваат на победи на Тотенхем и на Севилја во двете големи градски дербија што ќе се играат викендов, а се на менито на популарната Тринаесетка.

Во пресметката на Северен Лондон во еден од најзначајните дерби натпревари во Англија, Арсенал му е домаќин на Тотенхем во меч што ќе се игра во недела од 17.30 часот.

Според типувањето на над 2.000 учесници во бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија, фаворити се гостите, за разлика од шпанското градско дерби каде Севилја во дуелот против Бетис ја има вашата апсолутна доверба со над 85 посто од пристигнатите прогнози.

Стандардно и во ова коло има уште многу интересни натпревари, а се игра за прекрасната награда „ајфон 11“ што Sport Life ја доделува во секоја рунда за прогнозерите што ќе ги погодат сите 13 натпревари на Спортска прогноза.

Многу возбудлива е и трката за шампион во Генерален пласман во третата сезона на Спортска прогноза. Лидерот има 178 поени,а разликата меѓу него и последниот учесник на Спортска прогноза што е во Топ-50 е само 13 поени разлика.

Шампионот на крајот од сезоната ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а следните четворица ќе бидат наградени со многу поени во СЛ маркетот што ќе можат да ги искористат за купување на големиот асртиман производи што ги обезбеди Sport Life со своите деловни партнери.

 

 

- Оглас -

Најнови вести