Навивачите поделени околу враќањето на Роналдо во Реал, речиси половината се против

Навивачите кои учествуваа во анкетата на „Ас“ околу тоа Реал Мадрид треба да го врати Кристијано Роналдо, се прилично поделени. Само 54 отсто одобруваат таков трансфер, а 46 отсто се против.

Бидејќи анкетата е отворена и во неа може да учествува било кој човек кој во светот што има интернет, прашање е дали овие резултати се веродостојни, бидејќи на вакво прашање треба да одговараат само фанови на Реал. Навивачи на Барселона, Атлетико и другите ривали на Реал, веројатно гласале против.

Според информации од Италија, Јувентус би ја продал португалската суперѕвезда за отштета од само 29 милиони евра. Договорот на Роналдо со Јуве истекува по завршувањето на следната сезона 2021/22. Има шпекулации дека Роналдо не е среќен во Торино, многуте разочарувања во Лигата на шампионите го направија своето, фронтот против него е широк, го обвинуваат за елиминацијата од Порто, па не е чудно тој да побара заминување.

Јувентус ќе загуби играч кој дава многу голови, но ќе заштеди пари ако го продаде 36-годишниот Португалец.

Во шпанските медиуми се пишува и дека евентуално враќање на Кристијано во Реал, ќе значи дека клубот ќе почека до летото 2022 година за да го купи Килијан Мбапе на кого договорот со ПСЖ му истекува тогаш. Реал сака да купи играч кој гарантира голови, па се интересира и за Ерлинг Халанд, а младиот Норвежанец има договор со Борусија Дортмунд дека во 2022 година клубот ќе мора да ги слуша понудите кои ќе дојдат за Халанд.

Летово Мбапе и Халанд би биле многу скапи, а Кристијано би бил како „преодно решение“ за маката која ја има Кралскиот клуб со неефикасноста во последните три сезони, откако остана без својот прв стрелец во историјата.

- Оглас -

Најнови вести