Европските гиганти Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер јунајтед со победи го потврдија пласманот во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. За Реал беше сигурно дека ќе презими во Европа, но со победата од 2-0 на гости кај Рома, Кралскиот клуб си го обезбеди првото место во групата, додека Рома е втора.
И во Групата Х се знаат двата патника за следната фаза. Јувентус со 1-0 ја победи Валенсија благодарение на голот на Марио Манџукиќ во 59-тата минута, додека многу понеизвесно беше на „Олд Трафорд“. Манчестер јунајтед во 91-вата минута, благодарение на голот на Фелаини, стигна до победа од 1-0 против Јанг бојс и на тој начин избегна во последото коло да оди во „пекол“ кај Валенсија.
Двојна радост има за градот Манчестер, бидејќи и вториот претставник, Сити, е сигурен патник понатаму. „Граѓаните“ одиграа 2-2 на гости кај Лион. Французите двапати водеа, но не ја задржаа предноста. Во последното коло Лион ќе мора да остане непоразен на гости кај Шахтер.
И германскиот првак Баерн Минхен оди понатаму, а за тоа дали ќе биде на првото место, ќе одлучи во директен дуел против Ајакс во последното коло на мечот кој треба да се одигра во Амстердам.
Резултати: АЕК – Ајакс 0-2, ЦСКА Москва – П’лзењ 1-2, Рома – Реал Мадрид 0-2, Баерн Минхен – Бенфика 5-1, Хофенхајм – Шахтер 2-3, Јувентус – Валенсија 1-0, Лион – Манчестер сити 2-2, Манчестер јунајтед – Јанг бојс 1-0.