Гвардиола: Освојувањето на четири трофеи е нереална цел

Манчестер сити вечерва треба да го потврди пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Граѓаните имаат предност од 2:0 со Борусија Менхенгладбах и сега на свој терен треба само рутински да го одиграат во реваншот.

Освен настапите во Лигата на шампиони, Сити е убедлив лидер во Премиер лигата, а е во трка и за трофеите во ФА Купот и Лига купот. Досега ниту еден англиски клуб не успеал во една сезона да освои четири сезони, а тренерот на Сити, Пеп Гвардиола не верува дека неговиот тим има капацитет за ваков историски подвиг сезонава.

„Ниту еден англиски тим не успеал да освои четири титули во една сезона и не верувам дека ние сега ќе успееме да направиме такво нешто, посебно поради тоа што се случува на глобален план“, рече Гвардиола, кој успеа во сезоната 2018/19 да ги одведе Граѓаните да бидат први во историјата што освоиле три трофеи во една сезона во англискиот фудбал.

Единствениот англиски клуб кој има триплета со европски трофеј е Манчестер јунајтед. Во 1998/99, Црвените ѓаволисе радуваа во Лигата на шампиони, ФА Купот и Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести