Прогнозерите влегоа во одличен ритам и ајфонот е се поблиску – Од денеска можете да типувате во новото 28-мо коло

Прогнозерите влегоа во одличен ритам и прекрасната награда мобилен телефон „ајфон 11“ што ја доделуваат Sport Life и Спорт Манија за секое коло на Спортска прогноза е се поблиску.

Во двете претходни рунди еден гол, еден момент, пропуштена шанса беа одлучувачки за да нема максимален број на погодоци, 13, колку што е потребно да се добие главната награда во бесплатната игра.

Новата 28. рунда е нова шанса за сите учесници да атакуваат на „ајфонот“, а како и секогаш во овие три сезони на Спортска прогноза има интересни натпревари.

Бундеслигашкиот дуел меѓу Вердер и Волфсбург во сабота од 15.30 часот ќе означи и почеток на натпреварите што се на менито за ова коло на популарната Тринаесетка, а токму до тој термин ќе можете да се вклучите со свои прогнози.

Во фокусот ќе бидат три дерби мечеви, по еден во Англија, Италија и Франција. Во Премиерлигата во недела од 16 часот ќе играат Вест Хем и Арсенал во лондонската пресметка што може да биде клучна за амбициите на двата тима да обезбедат настап во еврокуповите.

Од 20.45 часот Рома ќе му биде домаќин на Наполи,а само 15 минути подоцна се игра големото француско дерби меѓу Лил и ПСЖ, меч кој ќе го крои врвот на табелата во Лига 1.

Истиот ден ќе се игра и дербито во четвртфиналето на англискиот ФА куп меѓу Лестер и Манчестер јунајтед. Како и секогаш има интересни дуели за прогнозирање, играта е забавна и што е најважно е бесплатна, а единствен услов е да имате СЛ Клуб картичка од Sport Life.

 

 

- Оглас -

Најнови вести