Жешките ќе го добијат дуелот на поранешните клубови на Леброн

8481 Бостон селтикс – Јута џез (00.30 часот)

Бостон е во добра форма, има четири победи на последните пет натпревари, но на гости му доаѓа најуспешниот тим НБА лигата, кој сепак во последно време има пад, и доби само еден од последните четири меча. Селтикс има шанса да ја продлабочи кризата кај Џезерите, но и Јута ќе биде мотивирана да победи и да им се врати на победите. Бостон дома има пет победи по ред, а Џез славеше само еднаш на последните шест гостувања. Но, Селтикс дома не ја совладал Јута уште од јануари 2017 година. Пред 40 дена, Јута дома го победи Бостон со 122-108.

Предлог тип: <228.50 (1.93)

 

8477 Мајами хит – Кливленд кавалирс (01.00 часот)

Тука не би смеело да има дилеми околу победникот. На хартија, Мајами е голем фаворит. Хит има четири победи по ред, а Коњаниците се во криза и имаат три порази едноподруго. Кај Кливленд не се знае дали ќе игра Андре Драмонд, а отсутен ќе биде Делаведова. Мајами не е претерано ефикасна игра, но има одлична одбрана. На гости им доаѓа тим кој даваше само по 82 поени на последните два меча. Но, пред неполн месец, на 25-ти февруари, овие екипи во Кливленд одиграа 111-111, па во продолжение победи Кавалирс. Мајами дома не загубил од Кливленд уште од 2014 година, но тоа беше време кога Леброн Џејмс го носеше дресот на Кавалирс.

Предлог тип: 1 Двојна (2.02)

 

8479 Филаделфија 76 ерс – Њујорк никс (01.00 часот)

Филаделфија е лидер на табелата во Источната конференција, има триумфална серија од пет победи по ред, но на претходниот меч им се повреди главниот играч Џоел Ембид, па треба да се види како тимот ќе се снајде. Никс игра променливо, има ист број на победи и порази. Филаделфија е фаворит и според традицијата. Никс пет години нема победено во Градот на братската љубов, па веруваме дека Сиксерс ќе извојуваат нова победа. Во декември во „МСГ“ во Њујорк, Сиксерс победи со 20 поени разлика, но главен играч беше Ембид кој вечерва ќе го нема.

Предлог тип: 1 (1.46)

 

8478 Хјустон рокетс – Атланта хокс (01.00 часот)

Тука гостите се фаворити според моментната форма.  Хјустон нема победа уште од 5 февруари, има 16 порази едноподруго. Веројатно бројните отсуства на повредени играчи, особено Џон Вол и Ерик Гордон, се голем хендикеп на Ракетите. Јастребите губеа на последните три гостувања во Хјустон и ова им е златна шанса да триумфираат. Атланта е во налет, има пет победи по ред, и веруваме дека после четири години, конечно ќе победи против Рокетс, но не со повеќе од 11 поени разлика.

Предлог тип: Х 1 11.50 (1.78)

 

8502 Л. Џејмс: Лос Анџелес лејкерс (03.30 часот)

Лејкерс како тим кој има двојно повеќе победи од порази, важи за фаворит против Минесота која е единствен тим во лигата со едноцифрен број на победи (скорот им е 9-30). Шумските волци добија два од последните три меча, но тешко дека ќе приредат изненадување во „Стејплс центарот“. Лејкерс не блеска со игрите, неиграњето на повредениот Ентони Дејвис не е лесно да се покрие, па ќе мора Леброн Џејмс да даде голем придонес. Пред еден месец, Езерџиите победија во Минеаполис со 112-104.

Предлог тип: Леброн Џејмс >27.5 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести