Нејмар ќе чека до недела за камбек на терените

Нејмар ја надмина повредата на глуждот од десната нога, по што се наближува неговиот камбек на терените.

Се претпоставуваше дека првата ѕвезда на ПСЖ ќе биде дел од составот на Маурисио Покетино за куп-мечот против Лил во осминафиналето, кој е закажан за во среда, меѓутоа со цел да се избегне обнова на повредата, Нејмар ќе го пропушти и тој натпревар.

Сепак, Бразилецот своето враќање на терените ќе го оствари во големото дерби против Лион, во рамките од 30-тото коло во Лига 1.

Неделното дерби ќе биде од големо значење за двете екипи кои се на делба на втората позиција на табелата со по 60 бода, а пред нив е Лил со три бода повеќе.

 

- Оглас -

Најнови вести