Момент кој може да биде клучен: Муриел тргна во опасен напад, судијата свиреше крај на полувремето (видео)

Реал Мадрид е на половина час до пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако по минималните 1-0 во Бергамо, Кралевите поведоа против Аталанта и во реваншот преку Бензема по катастрофалната грешка на голманот Спортиело.

Сепак, еден момент од првото полувреме во овој дуел може да се издвои како клучен. На истекот од последната минута од првиот дел, гостите тргнаа во напад, а Муриел прими додавања во опасната зона и имаше простор да повлече и да му се закани на Куртоа. Меѓутоа, холандскиот судија Дени Макели во истиот момент свиреше крај на полувремето без да додаде дополнително време, што не им се допадна на фудбалерите на Аталанта.

https://streamable.com/d1g3vm

- Оглас -

Најнови вести