Само гигантите од Манчестер може да се пофалат со вакво остварување

Манчестер сити рутински го доби реваншот против Менхенгладбах со идентични 2-0 по што го обезбеди учеството во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Мајсторскиот погодок од далечина на Кевин Де Бројне во 12-тата минута, беше 100-ти гол за екипата оваа сезона, по што Сити осма сезона по ред стигна до најмалку 100 реализирани погодоци во сите натпреварувања. Единствена англиска екипа која успеала во девет последователни сезони да постигне 100 или повеќе погодоци е лутиот сосед на Сити, Манчестер јунајтед.

Инаку, голот на Де Бројне беше јубилеен и за Гвардиола. Во својата 12-та сезона во низа како тренер,  екипата на Пеп успева да реализира 100 или повеќе погодоци, а оваа традиција му трае уште од периодот кога ја предводеше Барселона, додека ја продолжи во Баерн и Сити.

- Оглас -

Најнови вести