Холандски експеримент во март, ако успее Македонија ќе игра со публика на 21. јуни во Амстердам

Околу 5.000 навивачи на холандската репрезентација ќе има на трибините на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам на 27. март на квалификацискиот меч против Летонија и ќе биде еден вид на експеримент за безбедно присуство на публика и на натпреварите за Европското првенство во јуни и јули годинава.

Холандија ќе биде домаќин на четири натпревари, а на еден од нив на 21. јуни ќе игра против Македонија, и ако успее експериментот на 27.март, Горан Пандев и соиграчите ќе имаат можност да играат во вистински фудбалски амбиент.

Холандската фудбалска федерација, КНВБ,  за мечот со Летонија ќе користи брзи тестови за откривање на Ковид-19 и паметна апликација за евентуално да се отстранат навивачите кои се позитивни на корона-вирус.

„Ако се покаже како успешен експериментот на мечот со Летонија би можело да го забрза процесот за отворање на стадионите за публика во холандското првенство и што е уште поважно за мечевите на ЕП“, објавија од КНВБ.

Навивачите на стадионот ќе бидат поделени во неколку таканаречени балони, за да се овозможи полесен пристап на трибините, но и откривање на евентуално заразените со Ковид-19.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести