Химната од Лигата на шампионите, пехари и пукотници ги дочекаа финалистите во уличниот фудбал во фавелите во Бразил. Изгледа скромно, но популарните Кариоки кога фудбалот е во прашање знаат од ништо да направат нешто.
И во скромни услови на улиците во познатите фавели во најтрофејната земја со пет светски титули се беше подготвено за спектакл. Пехарите ги чекаа и најдобрите екипи и поединци, а пред почетокот на мечот се интонираше и химната од Лигата на шампионите.
Во Бразил многу популарен е уличниот фудбал, од каде и потекнуваат големите мајстори на таканаречениот голем фудбал.