По повеќе од една година пауза, шпанските љубители на фудбалот ќе може од трибини да уживаат во натпреварите, барем што се однесува за двете куп-финалиња од минатата и оваа сезона.
На 3 април, поместеното ланско финале во кое за првпат во историјата ќе се сретнат баскиските ривали Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, ќе се одржи на „Картуха“ стадионот во Севилја, кој има капацитет од 60.000 седишта. Големи се шансите да се отворат портите за навивачи до 25% од капацитетот, односно околу 18.000 навивачи да уживаат во финалето.
Исто така и овосезонското финале во кое Атлетик Билбао ќе се бори за трофејот против Барселона, а е закажано за 17 април, ќе се игра на истиот стадион и ќе биде дозволено до 18.000 навивачи да го следат во живо.