Тотенхем ќе направи грешка како данските ракометари во Скопје?

Екипата на Тотенхем вечерва од 18.55 часот го игра реванш дуелот од осминафиналето во Лига Европа против Динамо Загреб на „Максимир“, а лондонскиот Петли уште немаат полетано кон главниот град на Хрватска.

Менаџерот Жозе Мурињо процени дека нема потреба да се замине еден ден пред мечот и да се тренира на стадионот на кој се гостува, како што е вообичаено, па Тотенхем нема да има време за аклиматизација и само неколку часа по летот од Лондон до Загреб, ќе треба да игра и да ја брани предноста од 2-0 која ја има од првиот меч.

Тотенхем ќе биде ослабен со неиграњето на Кореецот Хеунг Мин-Сон, но веројатно се убедени дека ќе се пласираат во следната рунда, па посетата на Загреб ќе им трае кратко. Минатата недела ваков сличен случај имаше во Скопје, кога ракометната репрезентација на Данска убедена во лесна победа над Македонија, дојде во нашиот главен град на само три ипол часа пред мечот, и знаеме како си помина.

- Оглас -

Најнови вести