Спортска прогноза: Прогнозерите веруваат дека Мбапе ќе ги скроти Лавовите

Сè поблиску сме до потенцијалниот добитник на главниот подарок „ајфон 11“. Колото број 28 на Спортска прогноза е нова можност за прогнозерите да го покажат своето знаење, по ефикасните две кола претходно во кои се доделуваа ваучери од Sport Life.

Веќе трет ден како учесниците ги приложуваат своите прогнози во ова коло, а мнозинството од нив го кажаа своето околу француското дерби меѓу Лион и ПСЖ, кое е меѓу понудените 13 парови.

Двете екипи се во трка за шампионската титула во Лига 1 и воедно се изедначени на втората позиција со по 60 бода, но дури 59.26% од прогнозерите веруваат дека Светците на чело со Мбапе ќе ги скротат Лавовите и тоа на нептијателско тло. Само 11.48% од учесниците му дадоа поддршка на Лион, иако како домаќини остварија три победи против ПСЖ во последните пет меѓусебни пресметки.

Ова дерби воедно е последен пар од „среќната 13-ка“, што значи дека до недела навечер ќе се знае дали Лион и ПСЖ ќе одлучуваат добитник на беспатлната игра, за која единствен услов е да имате СЛ Клуб картичка од Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести