Пиоли нема избор: Милан без напаѓач од првата минута во реваншот против Црвените ѓаволи

Милан нема друг избор, освен да почне без напаѓач во реванш-дуелот против Манчестер јунајтед во осминафиналето во Лигата на Европа.

Стефано Пиоли ќе се обиде прво да ја одбрани предноста од гостински гол по ремито од 1-1 на „Олд трафорд“, а Златан Ибрахимовиќ ќе му биде џокер од клупата за резерви.

На неколку часа пред дербито на „Сан Сиро“, од комбинација отпаднаа офанзивците Анте Ребиќ и Рафаел Леао, па се очекува Кастилјехо да ја добие улогата на лажна „деветка“. Во меѓувреме и Оле Гунар Солскјер остана без Кавани во составот, а отсутен е и Марсијал поради повреда.

- Оглас -

Најнови вести