Барселона загуби милиони поради елиминацијата на Атлетико Мадрид од Челзи

Атлетико Мадрид во двата меча против Челзи беше поразен и заслужено е елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампиони. Испаѓањето на Јорганџиите од елитната лига на УЕФА ги разочара и челниците на Барселона, кои останаа без планирани два милиони евра.

Парите кои Барселона ги чекаше, но не ги доби од Атлетико беа дел од трансферот на Луис Суарес во мадридскиот тим. Суарес замина во Атлетико за трансфер од само пет милиони евра, а во договорот стоеше клаузула дека Јорганџиите ќе треба да дадат дополнителни два милиони евра, доколку мадридскиот тим се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Атлетико не е меѓу осумте најдобри во Европа, па со тоа пропадна и планот Барселона да заработи два милини евра благодарение на резултатите на друг клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести