Големиот бразилски фудбалски ас, Роналдињо ја лечи тагата по смртта на неговата мајка со алкохол и бразилските медиуми објавија дека секој ден е пијан, што е опасен сигнал за здравјето на легендата.
Пред еден месец од корона-вирус почина неговата мајка Мигелина Дос Сантос и оттогаш почна и пијанството на Роналдињо, објави негов пријател, кој сакаше да остане анонимен.
„Почнува рано наутро со вотка, па потоа и виски и џин и така во круг до следниот ден. Загрижени сме за неговото здравје“, објави пријателот на Роналдињо.
Големата фудбалска легенда претходно имаше и многу непријатна авантура во Парагвај, каде се обиде да влезе со лажен пасош, па заглави во затвор.
Сега на тоа се надоврза и тепкиот период по смртта на неговата мајка, а алкохолот стана (не) пријател на Роналдињо.